Труп во распаѓање пронајден на Тиквешко езеро

Од:

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет.​

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес