Трпески: Сите инциденти кои што се случуваат во текот на кампањата се израз на нервозата во редовите на СДСМ и свесноста од поразот

Од:

Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека на денот кога треба да има митинг во општина Ѓорче Петров, опожарена е семејната куќа на кандидатот за градоначалник, Владо Мисајловски. Како што кажа тој куќата е уништена речиси во целост, а само пред неколку недели е утврдена целосна техничка исправност на целата опрема и инсталација на семејната пекара која е дел од семејниот дом на Мисајловски и рече дека крим тимот на МВР за утврдување на причините за пожарот се уште не е излезен на терен.

– Вчера се случи крвав инцидент и физички напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Нападнат е актуелен истовремено и кандидат за градоначалник. Нанесени му се тешки телесни повреди, со тупаници, боксирачи, метални шипки. Сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и свесноста дека тие ќе доживеат пораз. Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес, рече Трпески.

Тој рече дека пукање, физички пресметки, тешки телесни повреди, злоупотреба на полиција во изборни цели, закани, притисоци, искршени штабови, партиски агитирања од членови на изборните комисии се само мал дел од сликата која СДСМ ја гради и е доказ за нервозата од поразот на 15. октомври.

– Треба ли човечки живот да се загуби за да институциите да почнат да дејствуваат? Институциите покажуваат недостаток на капaцитет и способност да ги расветлат ваквите настани, додека органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера. Епилогот од првите десет дена избори се:
1. Физички нападнат кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари со тешки телесни повреди.
2. Беше затрелан носителот на советничката листа во Кичево, Алит Абази.
3. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев без било каква причина беше застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан.
4. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
5. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДС заедно со пратеничката на СДС од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници помеѓу граѓаните.
6. Претходно, во Ресен директорката на центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДС, треба да си ги пакуваат куферите.
7. Два дена подоцна, во Крушево беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДС во градот, секако, барајќи гласови за возврат.
8. Спротивно на законот организираат избори и агитираат за СДС. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДС.
9. Имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.
10. Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДС, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.
11. Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, рече Трпески.

Тој додаде дека МВР покажува исклучителна неспособност и пристрасност во расчистувањето на овие изборни инциденти, а во дел од нив е и активен учесник и го повика јавното обвинителство и јавниот ВД обвинител најитно да преземат мерки и да ги расветлат сите нарушувања на изборниот процес.

– Нервозата доминира во редовите на СДС, но ќе им порачаме дека поразот не им бега на 15-ти октомври. Енергијата кај народот нема да ја сопрат.Денес кога треба да имаме митинг во општината Ѓорче Петров, ни се случуваат овие настани. рече Трпески.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески