Трпески: СДСМ врши депрофесионализација на институциите

Од:

Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција одржана во партиското седиште рече дека СДСМ ги кршеле законите и дека креирале хаос уништувајќи ги институциите од темел. Како што рече тој, Заев за да ги подмири внатрепартиските и меѓупартиските апетити тргувал со угледот и капацитетот на институциите.

– Владата незаконски подели илјадници решенија во сите институции. Не постои институција која што не е зафатена од насилничкото и незаконско однесување на Заев и неговите кадровици. СДС врши депрофесионализација на институциите. На места каде треба да се именуваат луѓе со минимум високо образование се поставуваат среднисти, каде што требаат луѓе со специфична струка, се именуваат од сосема различна област. Такви примери се и назначувањата во Центрите за социјална работа во Република Македонија. Согласно законот за социјална работа и согласно статутот на установата, Директорот на установата Центарот за социјална работа може да биде избрано лице кое треба да ги исполнува следниве услови: да има високо образование, 240 ЕКТС кредити или завршен VII/1 од следните образовни профили: дипломиран правник, дипломиран социјален работник, педагог, психолог, економист, дефектолог или социолог, рече Трпески.

Тој запраша дали новоназначената директорка во Центарот за социјални работи во Крива Паланка, Зорица Петревска имала VII/1 степен завршено образование, бидејќи според информациите со кои што тие располагале, таа имала завршано само VI степен образование.

– Дали новоназначениот директор во Центарот за социјални работи во Битола го исполнува условот за образовен профил? Тони Деспотовски кој е назначен за нов директор е сообраќаен инжинер, со 180 кредити според ЕКТС. Пример за незаконско разрешување и поставување на партиски кадри во институциите е и разрешувањето на директорот на Јавното претпријатие Македонски шуми, Жарко Караџовски. Според член 24-а од Законот за јавните претпријатија, директорот може да биде разрешен пред истекот на мандатот доколку: си поднесе оставка, исполнува услов за пензија, доколку направи штета или загуба на претпријатието, не ги спроведува одлуките на владата и одлуките на управниот одбор или не поднесе 6 месечен извештај за работењето на претпријатието. Ниту еден од овие услови не беше исполнет. На негово место е назначен претседателот на општинската организација на СДС Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, рече Трпески.

Тој додаде дека партиските потрчковци еднаш поставени на функција, изготвувале антидатирани решенија за раководителите внатре во самите институции и дека имало илјадници вакви случаи во секое министерство, во секоја агенција или дирекција. Како што кажа Трпески, имало директори, управни и надзорни одбори за кои се изготвувале решенија со сменети датуми уште пред да бидат впишани како овластени лица во централниот регистар.

– Сите носители на јавни функции кои се именувани, а не ги исполнуваат пропишаните законски услови, треба да бидат свесни и им укажуваме дека нивниот избор е незаконски, и дека подлежат на кривична одговорност во однос на сите дејствија кои ќе ги превземат во институциите во кои се незаконски избрани, а како последица затоа ќе има и самата институција и граѓаните, бидејќи со незаконскиот избор се доведува во прашање легитимноста на донесените акти и дејствија превземени од овие лица. За вакво беззаконие и самовластие има докази и сите инволвирани во кршење на законските норми со цел удоволување на желбите на Заев и врвот на СДС ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија, рече Трпески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски