Трпческа: Заради Тренчевска од СДС нема софтвер за полагање, нема лиценци за работа во градинките

Од:

Хаосот кој СДС и ДУИ го создадоа во изминатите години власт, се протега апсолутно во сите области без исклучок. Ваква нефункционалност на институциите под централна власт, не е запаметена. Во 2018-2019 година се правеа измени на Законот за заштита на децата за да се задоволат лични интереси на активисти на СДС, за денес повторно да се соочиме со опструкција од страна на владејачкото мнозинство во Парламентот, вели Христина Трпческа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ на ден 08.02.2024 година, предложија измена на Законот за заштита на децата. Неправдата во однос на полагањето за лиценци за вработените во детските градинки, која се случува неколку години наназад, продолжува и сега. Стотици луѓе, квалификувани да работат во детските градинки, кои живеат во општини предводени од ВМРО- ДПМНЕ, чекаат со години да бидат повикани да полагаат за лиценца. За разлика од нив, активисти на СДС, по брза постапка и за само неколку недели се стекнуваа со право за полагање за лиценца. За да биде неправдата поголема поранешната министерка за труд и социјална политика го остави министерството без софтвер за полагање за лиценци.

За потсетување, во периодот од 2018 до 2020 година, во детските градинки беа вработени околу 50 луѓе, а за време на ковид пандемијата кога детските градинки не работеа, aнгажирани беа четириесетина лица со договор на дело. Селективниот пристап е очигледен кога во мали општини како што се Пробиштип и Берово, им беа давани согласности за вработувања и повеќе отколку што е потребно, што не е случај со општините предводни од ВМРО-ДПМНЕ. Факт е дека никогаш не било полошо, но уште еден факт е дека ваквите опструкции завршуваат за брзо. Народот бара промени. Важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата на вистинскиот пат. Новата Влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ ќе се грижи за секој поединец вклучен во системот за предучилишно воспитание и образование, ќе се грижи за потребите на родителите на деца од предучилишна возраст и ќе се грижи за децата од предучилишна возраст, затоа што децата се нашата иднина – тврди Трпческа.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет