Тројца тешко повредени во сообраќајка кај тетовско Слатино

Од:

Три лица, двајца малолетници од Слатино и возрасна жена од Нераште, се потешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 11 часот и 40 минути се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце пред влезот во Слатино, информираа од тетовската полиција.

Во несреќата учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблички, „Голф“ што го управувал 16-годишник од Слатино и „Опел корса“ управуван од Ф.А.(36) од Нераште.

Во сударот телесни повреди здобиле возачот на „Голфот“ и неговиот 17-годишен сопатник и соселанец, како и сопатничката од „корсата“ Ф.А.( 71 ) од Нераште. Тројцата тешко повредени биле пренесени и задржани за лекување во тетовската клиничка болница.

Екипа на тетовската полиција извршила комплетен увид и се работи на утврдување на причините за несреќата, околностите и се друго поврзано со неа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он