Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Струга

Од:

Три лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера попладне во 18:30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на „Здружение на возачи“ на илезот од Струга.

Како што соопшти СВР – Охрид, трите лица, Б.И.(34) од Струга, како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа, со сериозни повреди се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на натамошно лекување.

Според СВР – Охрид, во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „Мерцедес“, управуван од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како сопатник била и тешко повредената Н.С. Незгодата настанала во момент кога возачот на „Мерцедес“, движејќи се од Дебар кон Струга, недржејќи страна на движење, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната коловозна лента и директно удрил во предниот дел на автомобилот „Ауди“ што се движел во спротивна насока.

На местото на сообраќајната незгода увид извршиле полициски екипи.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски