Тројца се борат за живот, пожарот повторно активиран во Струмица

Од:

Се уште беснеат пламени јазици во Струмица. Горат делови од подалечните ридови, и противпожарните екипи се упатија да го стават пожарот под контрола. Со нив заедно ,како и вчерашниот ден, ќе помага и градночалникот на Струмица, Зоран Заев.

И покрај вчерашното силно невреме и на места поплавените делови, повторно утринава се активираше пожарот, вели за А1, Заев.

Тројца од петмината струмичани, повредени во пожарот се во крајно тешка состојба и се борат за живот во Градската болница. Имаат опекотини по целото тело здобиени од силната експлозија предизвикана од огнот и дождот. Едниот од повредените, Заев на грб, на мотор, го пренесувал за да го спаси.

Вкупниот број на повредени е 14, од нив 7 се деца, кои од детска забава и љубопитност се нашле на местото на пожарите.

Кога пожарот опасно се приближил на 20-тина метри од куѓжќите, Заев побарал помош од канадерите. Од Владата му било побарано писмено барање, што општината, согласно прописите го сторила, но веќе дождот почнал силно да паѓа и го згаснал огнот. Заев ја нагласува добрата соработка на органите на локално и централно ниво.

Двата пожари кои беа предизвикани намерно, од човечки фактор, биле на 300 метри раздалеченост, уништија и 50 хектари борова шума. Пожарот брзо се ширел поради сувата шума но и поради ветерот кој дувал во променлив правец.

 

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски