Тројца повредени во сообраќајка во Тетово

Од:

Три лица се повредени, а оштетени се вкупно четири возила по сообраќајната несреќа што ноќеска десетина минути по полноќ се случила  на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „166“ во Тетово попозната како Брвеничка кривина информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во несреќата најпрвин се судриле „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управуван од Ј.С.(27) од Боговиње и „Ауди“, исто така, со тетовски таблици што го управувал тетовецот А.И.(31)

– Во судирот возачот на „Мерцедесот“ задобил тешки телесни повреди, со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники. Сопатникот од ова возило Ш.А.(20) од Голема Речица и возачот на „Аудито“ пренесени и задржани се во тетовската болница. Во несреќата бил оштетен метален столб (јарбол) што паднал врз товарно возило „Фолксваген“ и уште едно патничко возило „БМВ“ што биле паркирани во непосредна близина, изјави Јосифовски.

Тој појасни дека по овластување на јавен обвинител полицијата извршила комплетен увид и работи на расветлување на сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа. Првично причина за неа, според полицијата, е неприлагодена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 500 илјади денари.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он