Тројца повредени во сообраќајка на три возила во тетовско Синичане

Од:

Три лица биле повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 23 часот и 30 минути се случила на регионалниот пат Тетово – Пирок во селото Синичане информираа од СВР Тетово. Според полициските податоци во сообраќајката учествувале две возила во движење „Голф“ како и паркирано возило „Гранд чироки“, сите со тетовски регистарски таблици.

Едниот„Голф“ без возачка дозвола го управувал А.А.(18) од Камењане, а вториот бил управуван од А.И.(18) од Пирок додека паркираниот „Гранд чироки“ бил сопственост на Ќ.М.(30) од Синичане. Возачот на вториот „Голф“ А.И. и сопатничките од истото возило на возраст од 12 и 41 година се здобиле со телесни повреди при сообраќајката по што биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причината за несреќата, материјалната штета и другите околности.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он