Тројца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе

Од:

Три лица се повредени, од кои едното потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопшти денеска СВР Куманово.

Несреќата во полицијата била пријавена во 16:20 часот.

– Патничко моторно возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово-соопшти СВР.

Увид извршила екипа од кумановската полиција.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени