Тројца повредени во сообраќајка кај Росоман

Од:

Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус синоќа во 21.15 минути на магистралниот пат Градско -Прилеп, во близина на  Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Во сообраќајната  несреќа учествувале  автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено “со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско, соопшти Стојковска.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил кој бил  пренесен во Клиничкиот  центар во Скопје, како и двајца неговите  сопатници  на возраст од 32 и 15 години,  на кои им била укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

– Сообраќајот од 21,20  до 24,00 часот беше во прекин во двата правца. Од 24,00  до 01,50 часот сообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента.  Од 01,50 часот, сообраќајот се одвиваше нормално по двете коловозни ленти, кажа Стојковска.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила  увидна екипа од Секторот за внатешни работи Велес.

Би можело да ве интересира

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани