А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тројца повредени во две сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово

by А1он10/07/2013 - 21:1410/07/2013 - 21:14143
Share0

Три повредени лица и поголема материјална штета се последиците од двете сообраќајки што попладнево се случија на автопатот Скопје-Тетово како последица на неприлагодената брзина и лизгавиот коловоз, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Според неговите податоци, првата сообраќајка се случила во периодот помеѓу 16 часот и 30 минути и 17 часот во близина на ресторанот Два Фазани во близина на Сараќино при што автомобил Голф 4 со скопски регистарски таблички управуван од Б.С.(36) од Скопје удрил одзади во автомобил Сеат Ибица управуван од Б.Р.(22) од Копанце. Б.Р. од ударот се здобил со лесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница бил пуштен на домашно лекување. Голфот по судирот продолжил неконтролирано да се движи, ја пробил банкината покрај автопатот и завршил во нива, но за среќа возачот поминал без повреди.

Втората несреќа се случила околу 17 часот и 30 минути во близина на Групчин при што З.Б.(24) загубил контрола на автомобилот Пежо 206 што го управувал по што автомобилот излетал од патот и се превртел.

Возачот и неговата сопатничка А.М.(23) од Скопје се здобиле со лесни телесни повреди и по укажаната помош во тетовската болница биле задржани за понатамошни набљудувања на состојбата. Според првичните неофицијални податоци тие оделе на одмор во Охрид. Полицијата извршила увид и на двете места и првично како причина и за двете сообраќајки е неприлагодена брзина спрема условите на патот и влажен коловоз како последица на врнежите од дожд, рече Јосифовски.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен