Тројца погинаа откако возило излета и се преврте на патот Маврови Анови-Дебар

Од:

Попладнево во 16.50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста “Стрезимирски мост”, патничко возило “рено”, со германски национални ознаки, излетало од коловозот.

На местото на несреќата, првично, починале 3 лица (две машки и едно женско), додека едно повредено женско лице е пренесено во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се веќе на лице место и наскоро ќе започне увид што ќе го води Јавен обвинител и во кој ќе учествува и екипа од ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Орце Костов

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он