Тројца пациенти повредени во „Пулс“ сè уште се лекуваат во странство

Од:

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Во моментов, информациите за пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во нашата држава, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“. Редовно се следи состојбата на сите пациенти.

– Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули, одговори Алиу.

Околу обвинувања на блиски на загинати во пожарот во Кочани, за несоодветен третман во болницата во Кочани и недостиг на соодветна опрема, веднаш по трагедијата, министерот рече дека истрагата од надлежните служби, би требало да даде одговор на многу прашања во врска со трагедијата. Откако бил министер, рече дека кочанската болница е меѓу топ приоритети и дека прават максимум во рамки на можностите за нејзино соодветно опремување. Дополни дека работна група континуирано работела на тоа.

Во врска со Онкологија, тој рече дека сега има терапија, а најави дека в понеделник ќе има средба со директорот, за да се види како може да се подобри таму состојбата што е можно побрзо.

Министерот повтори дека инфраструктурата во „Бардовци“ не личи за болница, а предизвик бил и човечкиот фактор. Имало многу малку доктори. Тоа што можело да се реши веднаш, се решило. Биле донесени и некои одлуки, стручни лица да доаѓаат на помош и да даваат услуги во оваа болница.

Околу решението за користење паркинг-простор од страна на вработените во Клинички центар, надвор од кампусот, министерот рече дека имало и позитивни и негативни реакции. Тој наскоро најави и втора фаза од решението околу проблемот со паркингот, што ќе подразбира уредување на паркинг-просторот внатре во кампусот.

Би можело да ве интересира

Пренеси им порака на ангелите, правдата мора да дојде – родителите на жртвите со порака по смртта на Панчо

Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во кочанскиот „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он