Тројца отпуштени работници поднесоа тужби против кавадаречки „Дрекселмајер“

Од:

Двајца велешани и една кавадарчанка кои добија отказ од работа, денеска, во Oсновниот суд во Велес ги поднесоа тужбите против германскиот инвеститор „Дрекслмајер“. Ќе ја тужат фирмата поради како што велат невистини бидејќи ги отпуштиле оти учествувале во штрајкот што се случи пред околу еден месец. На Дејан Симонов и Стојна Темкова, надлежните во фабриката, им рекле дека отказот го добиле поради тоа што им бил истечен договорот за работа. Но тие велат дека имаат документи со кои се докажува спротивното, објави Дума.

– Јас извадив потврда од работа за лични потреби, на неа стои дека договорот ми е продолжен за уште една година, што значи дека јас треба да работам уште девет месеци – рече Темкова.

И таа и останатите избркани рботници од „Дрекслмајер“ неколкупати побарале помош од народниот правобранител и трудовата инспекција. Тие денеска соопштија дека од таму досега не добиле никаков конкретен одговор. Затоа одлучиле правдата да ја бараат на суд.

– Се надевам дека барем некоја од институциите ќе застане зад нас за да го решиме проблемот. Јасно ми е со кого водам војна, но не се плашам. Си го барам своето право и ќе одам до крај. Ако треба и до судот за човекови права во Стразбур – нагласи Симонов.

Би можело да ве интересира

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Предраг Петровиќ

Дрекслмајер сo соопштение за смртта на вработената

Емир Латифовиќ

Отпуштените работници од фабриката „Дрекслермаер“ најавија тужби

Емир Латифовиќ