Дрекслмајер сo соопштение за смртта на вработената

Од:

Фабриката Дрекслмајер во Кавадарци изезе со соопштение во врска со смртта на една вработена, која почина пред една недела на работното место, при што се наведува дека причина за смртта бил мозочен удар.

Во соопштението се наведува дека вработената на 16.06.2015 на кратко изгубила свест, по што веднаш бил повикан медицинскиот персонал од амбулантата која работи во рамки на фабриката. Истовремено била повикана и брзата помош од Кавадарци.

Откако е дадена прва медицинска помош нашата колешка била пренесена во болница, а за целото време таа била придружувана од страна на нејзината претпоставена.

За жал, нашата вработена починала следниот ден на клиниката во Скопје, како последица на мозочен удар, се вели во соопшението.

„Ова е прв случај во ДММ да изгубиме вработен на овој начин. Изгубивме ценета и почитувана колешка, која ќе ја чуваме во нашите спомени. Раководството на компанијата, целокупниот персонал и одборот на вработените на ДММ изразуваат длабоко сочуство до семејството на почината, за ненадоместливата загуба“, изјави Лукас Мурингер, технички раководител во ДММ.

Од Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДММ истакнуваат дека редовно се спроведуваат инспекциски контроли од областа на здравјето и безбедноста при работа.

Воедно се информира дека медицинскиот персонал кој работи во амбулантата во фабриката брои осум лица меѓу кои и доктор, кои во секое време им стојат на располагање на сите вработени.

Би можело да ве интересира

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Предраг Петровиќ

Тројца отпуштени работници поднесоа тужби против кавадаречки „Дрекселмајер“

Емир Латифовиќ

Отпуштените работници од фабриката „Дрекслермаер“ најавија тужби

Емир Латифовиќ