Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на ул. „Индира Ганди“ во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет, околу 82.000 денари и побегнале.

-Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење погодност – домашно отсуство. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, соопшти ОЈО.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука