Тројца мотоциклисти и велосипедист тешко повредени во сообраќајни несреќи

Од:

Три тешки сообраќајни несреќи се случиле вчера во Прилеп, Битола и во тетовско, а во нив тешко се повредени тројца мотоциклисти и еден велосипедист, соопшти полицијата.

На 30.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Леце Котески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, управувано од М.Ч.(35) од с.Г.Коњари и мопед „баотијан“, управуван од Б.С.(30) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера во 12.53 часот било пријавено дека во Битола, на раскрсницата од ул.„Климент Охридски“ и ул.„Пеце Матичевски“, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.Н.(30) од Битола удрило во велосипед, управуван од Н.Н.(62) од Битола. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Исто така вчера, во 17.00 часот на локален пат меѓу тетовските села Палатица и Требош, во с.Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од с.Требош и четирицикл „кимко“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Р.Германија, каде сопатник бил малолетник од с.Палатица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, додека со повреди се здобил неговиот сопатник, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он