Тројца адвокати, екслустратор и обвинител се пријавиле да избираат и разрешуваат обвинители

Од:

На огласот за избор на член на Советот на јавните обвинители кој Собранието го распиша во јули годинава се јавиле пет кандидати од кои тројца адвокати, правник и јавен обвинител, дознава „А1он“.

Најзвучно име меѓу петте пријавени кандидати е екслустраторот Чедомир Дамјановски. На огласот се пријавил и битолскиот обвинител Сулејман Алијевски како и тројца адвокати: тетовката Дивна Павлоска, нејзиниот кичевски колега Владо Мицковски, и адвокатот од Скопје Зоран Величковски.

Неофицијално, како најсигурна во изборот, според информациите на „А1он“ се споменува адвокатката Дивна Павловска.

На членот Ангеле Илиевски му престана мандатот поради пензионирање. Комисијата за изборите и именувањата за в петок 27 септември на седница треба да утврди предлог одлука за избор на нов член на Советот на јавните обвинители.

Би можело да ве интересира

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Бесими: Овде нема расправа, усвоен е отказот на Ленче Ристоска

Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Ристоска за политички влијанија

Бесими: Советот на обвинителите е колективно тело и одлуката е колективна

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски