Тркалезна маса „Установата положба на јавниот обвинител на РМ“

Од:

Изминативе години бевме сведоци на бројни реформи спроведени во јавно-обвинителската организација, кои се втемелени на двата клучни стратегиски документи во областа на правосудството, Стратегијата за реформа на правосудниот систем од 2004 година и Стратегијата за казненото право од 2008 година.

Ова го истакна министерот за правда Блерим Беџети денеска во обраќањето на тркалезна маса „Установата положба на јавниот обвинител на Република Македонија“, организирана од Здружението на јавните обвинители.

Пред присутните тој нагласи дека основната цел на овие реформи беше зголемување на капацитетите на јавното обвинителство во справувањето со криминалот, а особено со неговите организирани облици. – Во таа насока особено беа истакнати активностите за развивање на Основното јавно обвинителство за гонење сторители од областа на организираниот криминал и корупција, рече Беџети.

Најновите реформски активности во оваа област, истакна министерот беа преземени со донесувањето на новиот Закон за кривичната постапка кој на јавното обвинителство му дава квалитативно нови надлежности. – На нормативен план наведените новини во Законот за кривичната постапка се доразработени и во останатите закони предвидени во Акцискиот план, меѓу кои во Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство и Законот за јавно обвинителска служба кои се изготвени од работните групи во рамките на Министерството за правда, додаде тој.

Пред присутните говореше и за презементите активности за примена на новиот Закон за кривичната постапка во делот на обуката. Во тие рамки, истакна Беџети, со помош на ОПДАТ, ОБСЕ и Европската унија голем број јавни обвинители поминаа повеќе обуки на теми поврзани со различни аспекти од новиот Закон за кривичната постапка. Идниот период овие активности, како што додаде, ќе бидат интензивирани преку реализација на специјализирани обуки, на кои, меѓу другите, учество ќе земат и јавните обвинители.

Во контекст на условите за работа на јавните обвинители, Беџети истакна дека за таа цел, изминатиов период Владата на Република Македонија одвои значителни средства за изградба на нова зграда во која ќе бидат сместени Јавното обвинителство на Република Македонија, Вишото јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство Скопје.

– Во рамките на ИПА Проектот, идниот период нашите активности ќе бидат насочени кон опремување на јавните обвинителства и особено истражниот центар. Како еден од нашите предизвици идниот период нашето внимание ќе го посветиме и на градење информатички систем во јавното обвинителство кој ќе биде поврзан со постојниот информатички  систем во судството, рече Беџети.

На крајот од своето обраќање министерот за правда истакна дека претстојат бројни предизвици во насока на натамошно јакнење на капацитетите на јавно – обвинителската организација,   со што ќе се овозможи поуспешно и поефикасно справување со криминалот, особено неговите организирани облици.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО