Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

Од:

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа 11. издание на Coca‑Cola Дедомразовската трка 2025, традиционалната новогодишна улична трка која уште еднаш го претвори центарот на градот во црвено море од дедомразовски костуми и празнично расположение.

Оваа година трката забележа рекордно учество од над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија.

Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.

Стартот и целта традиционално беа поставени на плоштад „Македонија“, додека патеката од околу 2 километри се протегаше низ центарот на градот.

Трчаа професионалци, почетници, а на прошетка дојдоа и повеќе расположени лица.

Настанот, кој од година во година привлекува сè поголем интерес, повторно го задржа својот препознатлив карактер: пријателско темпо, многу насмевки и забава, фотографии и поддршка за сите учесници.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Американската и канадската војска ќе го следат летот на Дедо Мраз

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз