Трите повредени лица во пожарот во Пржино во стабилна состојба

Од:

Трите лица кои вдишаа чад во вчерашниот пожар во скопската населба Пржино се во стабилна состојба, информираат од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ за МИА изјави дека 10-годишното дете кое беше примено на оваа клиника, е добро и денеска е пуштено на домашно лекување.

Во стабилна состојба се и мајката и таткото кои беа примени на Клиниката за токсикологија. Директорот на оваа Клиника, Нико Бекаровски, изјави дека двајцата пациенти се добри и во стабилна состојба. Најверојатно ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он