Триесетина ученици повредени во сообраќајка

Од:

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи меѓу комбе и автобус изутринава околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево.

Како што известуваат од МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С. (56) од Крушево и автобус, исто така со битолски регистарски ознаки, управуван од З.С. (49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.

При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а учениците се здобиле со полесни повреди. На учениците што биле повредени во несреќата им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски