Триесетина пријави за штети од невремето во Гевгелиско

Од:

Триесетина граѓани на општина Гевгелија пријавиле штети од невремето и поројните дождови што го зафатија регионот на 23 јануари, информира денеска општинската служба за односи со јавноста.

Најголем број се жители на селата Моин, Негорци и Мрзенци кои пријавиле поплавени земјоделски површини со посеви во најпогодените подрачја. Штета пријави и градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија чии машини, ангажирани во изградбата на Пречистителната станица, беа заробени од надојдената вода на Сува река.

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди денеска излезе на терен за да ја утврди состојбата врз основа на пристигнатите пријави и да ги процени настанатите штети.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар