ВИДЕО: Приведена негувателката којашто претепа дете во игротека

Од:

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопственикот на кафулето „Дежаву“ е приведена од страна на полицијата.

Негувателката утре ќе биде изведена пред судија на претходна постапка, а во моментот е на распит во полициска станица.

На видеоснимката од безбедносните камери која што беше објавена се гледа како негователката брутално го влече кон себе, го седнува во скут и му ја затнува устата на двегодишното дете. Потоа му удира шлаканици и го седнува спроти неa. По неколку минути негувателката продолжува физички да го малтретира детето под тобоганот.

На 21 ноември околу 15:57 сопственик на угостителски објект пријави дека околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, информираат од МВР.

„Сабајле чуварот ми се јави, ми кажа дека жената го тепа детето. Ние ја објавивме снимката на „Фејсбук“ бидејќи не знаевме за кое лице станува збор. Пријавивме во полиција, а мајката дојде во игротеката плачејќи.“, потврди Зоран Василевски ПР менаџер на игротеката, за „А1он“.

„Се испостави дека станува збор за негувателка која ги чува трите деца за 500 евра месечно. Мајката била на работа, а таткото во странство. Мило ми е што експресно се заврши случајот“, рече Василевски.

Утврдено е дека станува збор за 59-годишна негувателка која била ангажирана од семејство од Скопје за да се грижи за нивните три деца.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски