Триесет сообраќајки викендов во Скопје, тешко повреден пешак

Од:

Пешак е тешко повреден, а десет лица се здобиле со полесни повреди во десет од вкупно 30 регистрирани сообраќајни несреќи изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди, од кои во една е тешко повреден пешак, во шест со полесни повреди се здобиле шест лица, а останатите се со последица материјална штета.

Од осумте сообраќајни незгоди регистрирани во саботата, во две со полесни повреди се здобиле две лица, а шест се со последица материјална штета.

Вчера, пак, се случиле седум сообраќајни незгоди, при што во една полесно се повредени две лица. Во останатите е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена открила поголем број прекршоци. Преземени се мерки за 69 возачи, кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, седуммина се исклучени од сообраќај бидејќи возеле под дејство на алкохол, петмина поминале на црвено светло на семафор, а тројца не ги почитувале правилата за престигнување. Санкционирани се и 12 возачи кои при возење не користеле сигурносен појас или зборувале на мобилен телефон, 37 возачи без возачка дозвола односно нерегистрирани возила, 104 за непрописно паркирани возила, како и 16 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 105 возила.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ