А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Триесет и пет нови стипендии доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“

by А1он31/10/2016 - 16:27153
Share0

Триесет и пет нови стипендии традиционално и годинава доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“ од кои 15 за студенти на Фармацевтскиот факултетот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје за учебната 2016/2017 година.

Добивај вести на вибер

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. 

Претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје, Живко Мукаетов денеска на прес-конференција рече дека годинава во врска со критериумите кои ги има Фондацијата доделуваат 35 нови стипендии, затоа што критериумите и условите ги исполниле 15 студенти од Фармацевтскиот факултет и 20 студенти од Медицинскиот факултет.

– Со ова бројот на стипендии кои Фондацијата „Трајче Мукаетов“ досега ги има доделено се 379 на студенти по фармација и медицина вклучувајќи ги и новите 35 од оваа година. Од нив 142 студенти по фармација и 108 по медицина се веќе дипломирани, што значи имаме 250 наши стипендисти кои веќе дипломирале. Од нив 40 веќе работат во компанијата „Алкалоид“, истакна Мукаетов.

Посочи дека Фондацијата доделува и еднократна парична помош на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет која изнесува 1.200 евра во денарска противвредност. 

Нагласи дека годинава, еднократна парична награда ќе добијат Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет со просек 9,93 и Марко Костовски од Медицинскиот факултет со просек 9,97. – Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени во сите дневни гласила на 2 ноември (среда), додаде Мукаетов.

Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски рече дека од 2007 година откако се формирала Фондацијата и откако почнала да функционира, по воведувањето на програмата за финансирање млади таленти, соработката на Универзитетот со фармацевтската куќа „Алкалоид“ добила една нова димензија, која како што посочи, понатаму ќе биде пропратена со разни модалитети на соработка.

Деканот на Фармацевтскиот факултет, Светлана Кулеванова истакна дека станува збор за престижна стипендија, што, според неа, е значајно за студентите и претставува поттик.

– Оваа година од Фармацевтскиот факултет 15 кандидати исполнија услови на конкурсот, рече Кулеванова.

Деканот на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска рече дека комисијата за распределба на стипендиите од Медицинскиот факултет селекцијата ја направила согласно правилникот на Фондацијата и условите од јавниот конкурс, а во предвид бил земен просечниот успех на студентите и нивната материјална состојба.

– Беа селектирани 10 студенти од трета година и 10 студенти од четврта година. Убедена сум дека стипендиите ќе претставуваат дополнителен мотив за овие студенти да постигнуваат уште поголеми успеси, а особено што дел од нив ќе имаат можност својата професионална кариера да ја започна токму во Алкалоид, додаде Топузовска. 

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје. Фондацијата, чиј основач е самата компанија, има за цел стипендирање, донирање и финансирање на талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области.

alkaloid

Би можело да ве интересира

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Предраг Петровиќ04/12/2025 - 14:46

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

А1он02/12/2025 - 16:00

Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно

Катерина Ѓуровски14/11/2025 - 11:46

„Алкалоид“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

Горан Наумовски28/10/2025 - 13:3628/10/2025 - 14:21

Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“

Катерина Ѓуровски17/10/2025 - 14:57

Хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за Црвен крст наменети за лицата во третата доба

А1он27/09/2025 - 15:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен