Трибини, отворени дебати и забава во кампот пред Владата

Од:

Попладнево продолжуваат активностите во кампот пред Владата на Република Македонија. „Граѓаните за Македонија“ и денес ќе понудат богата програма исполнета со трибини, отворени дебати и забава.

Со почеток во 18:00 часот ќе се одржи дебата со наслов „Колку малку е премногу? – каква даночна политика генерира повеќе правда?”. Дебатата ќе биде организирана од здружението ЏЕФ Македонија и на неа ќе учествуваат професорот Ванчо Узунов од економскиот факултет во Скопје; Бојан Богески – ко-основач на либертаријанскиот клуб Атлас; Јасмина Голубовска од платформата за граѓанска политика АЈДЕ! и економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

debata 28.05

Говорниците на оваа дебата ќе зборуваат за актуелната состојба со Законот за хонорари, неговата реална примена, но и можните последици од неговото применување. Исто така, учесниците во дебатата ќе се осврнат и на европските решенија со позитивна пракса и начините како тие би се имплементирале во Република Македонија со цел приближување на нашата држава кон ЕУ.

Од 20:00 часот па се до 22:00, граѓаните во кампот на слободата ќе имаат можност да уживаат во музичкиот избор на познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје – Трифун Костовски кој во улога на диџеј ќе се погрижи да ја одржи пријатната атмосфера во кампот пред Владата.

Инаку, широката граѓанска и натпартиска коалиција „Граѓаните за Македонија“ веќе дванаесетти ден кампува пред Владата на Република Македонија барајќи оставка од актуелната влада на чело со Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска