Трибина „Вовед во човекови права и правна заштита од дискриминација“ во Кичево

Од:

Во Кичево синоќа се одржа трибина на тема „Вовед во човекови права и правна заштита од дискриминација“ што ја организираше Сенада Сали, добитничка на наградата за младинско учество што ја доделува Проектот за УСАИД за граѓанско право.

На трибината учествуваа поголем број млади Роми од градот Кичево.

– Ова е последната работилница, откако претходно се веќе завршени работилниците во Скопје и во Битола. Со оваа работилница доволно е да се подигне свеста, самите тие да истражуваат, бидејќи во еден ден не е возможно во целост да научат се за оваа проблематика, рече меѓудругото Сенада Сали, правник во Европскиот центар за правата на ромите во Будимпешта.

Со свои размислувања и предлози излегоа и учесниците на оваа трибина, а следуваа и прашања на тема на дискриминација на Ромите од секаков вид што се случува во земјава.

Емин Мамудоски од НВО „Преродба“ од Кичево истакна, дека преку оваа и другите работилници што ќе следуваат во текот на есента, „ќе се работи на зголемување на свеста на ромската популација за нивните права и на кои сегменти треба да се работи за и тие да бидат рамноправни граѓани на оваа заедница“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски