Три тела се пронајдени во возилото кое излета во Вардар во близина скопското село Рашче, извести ЦУК.
Потрагата по четвртото лице продолжува.
Претходно МВР информираше дека случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, кое според последните информации не му е загрозен животот.
Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар.
На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.
Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.