Три сообраќајки во тетовско во изминатите 24 часа

Од:

Три сообраќајни незгоди во кои биле повредени четиригодишно дете, повозрасен тетовец и сообраќајка со куче скитник се случиле на патиштата во Тетово и тетовско во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој информира дека четиригодишното дете се здобило со скршеница на десната нога откако, додека невнимателно  поминувало преку  улицата „Браќа Симовски“ во Тетово, било удрено од патничко возило „Шевролет спарк“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Л.Д,(39).  Сообраќајката се случила вчера попладне околу 16 часот, а детето веднаш било пренесено во Тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош било пуштено  дома.

Пешакот И.Р. (81) бил повреден вчера, во 13 часот и 45 минути на локалниот пат Бањиче-Тетово. Тој бил удрен од непознато возило што веднаш го напуштило местото. Со телесни повреди што ги задобил од удирањето И.Р. бил пренесен и задржан за натамошно лекување во Тетовската болница. – По извршениот увид се превземаат активности за откривање и пронаоѓање на возилото кое учествувало во оваа сообраќајна несреќа, рече Јосифовски.

Последната сообраќајка се случила утринава околу 4 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово во близина на клучката за Камењане. Во неа  патничко возило „БМВ“ со странски регистерски таблици што го управувал Д.Е.(23) од Долно Палчиште, налетал, удрил и усмртил куче-скитник. Нема повредени а материјалната штета се проценува на 3.000 денари.

– Според полициските статистики во изминатите четири месеци регистрирани се 24 несреќи со повредени пешаци во најголем број со лесни повреди. Во истиот период во Тетово и тетовско имало 44 несреќи предизвикани од животни, кои поминале без загинати луѓе, но регистрирани се неколку со повредени лица и поголема материјална штета изјави Јосифовски. Тој упати апел до надлежните што поскоро да се обнови заштитаната жичена ограда на автопатот која во моментот на повеќе места воопшто ја нема или е нефункционална што им овозможува на кучињата и останатите животни слободно да влегуваат на коловозната лента и да им создаваат сериозни потешкотии на возачите.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

25-годишен маж загина во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица