Три лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Куманово

Од:

Три лица загинаа, а две се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случила во вторник попладне на автопатот Куманово – Табановце.

Според првичните информации на СВР Куманово, автомобил БМВ, по 17 часот, движејќи се од населбата Бедиње кон Куманово, изгубил контрола, излетал од улицата „11 Ноември“, се превртел и паднал од надвозникот над автопатот по кој се движела цистерна.

Во автомобилот биле четири лица од кои двајцата починале веднаш, а едниот на пат кон кумановската болница, соопштија од Итната помош во Куманово. Четвтото лице е тешко повредено, а како што информираат од одделението на хирургија, повреден е и возачот на цистерната кој во обид да го избегне возилото, преминал во другата коловозна лента.

Тројца од вкупно четворицата патници во автомобилот БМВ се од Куманово, а едниот е од Ваксинце.

По увид на местото на несреќата од екипа на полицијата и јавен обвинител, повторно е нормализиран сообраќајот на автопатот Куманово – граничен премин Табановце.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски