Три лица повредени во сообраќајка во скопска Кисела Вода

Од:

Три лица се повредени во сообраќајка што се случи изутрината во 6.30 часот на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улица „Петар Дељан“ во скопската општина Кисела Вода.

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Опел Вектра“ со тетовски регистарски таблици и комбе „Мерцедес“, со скопски регистарски таблици.

Во Ургентниот центар се пренесени со телесни повреди  возачот-жена И.С.Т (1978) на „Опел вектрата“ и нејзината сопатничка Б.С. (1957).  Со комбето управувал Б.М. (1957), а е повредена неговата сопатничка Г.Р. (1976), која со телесни повреди е пренесена во градската болница „Наум Охридски“.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он