Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Скопје

Од:

Три лица се поввредени во сообраќајната незгода што се случила утрово во 08.30 часот на регионалниот пат  Куманово-Скопје кај Ново Село.

Како што информираше портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска, сообраќајната незгода се случила кога автомобил „ауди а4“ поради недоволно држење растојание удрил во товарно моторно возило „Ивеко“. Двете возила се движеле кон Куманово. Аудито со кумановски регистарски таблички го управувал С.Ј. 19 годишен  возач од   липковско Ропаљце, кој се движел зад товарното возило со битолски регистарски таблички, управуван од 48 годишниот кумановец Б.П.

Во сообраќајката повредени се сопатник од товарното возило и две лица од автомобилот.

Дежурниот хирург од кумановската болница,доктор Зоран Стојковски информираше дека кај едното лице има повреда на десната страна од градниот кош, по што по укажаната помош е задржана на оспервација. Другите двајца повредени се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он