Синоќа во Скопје на булевар Видое Смилевски Бато, малолетникот Б.В. од Скопје бил заедно со уште неколку другари кога му пристапиле малолетникот С.Д., неговиот брат Н.Д. (22) и уште едно постаро лице, а С.Д. му се заканил на Б.В. дека ќе го прободе поради некои претходни расправии.
Во моментот кога Б. В сакал да си замине, од позади бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега и потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување.
Околу полноќ во Ургентен центар, лекарска помош побарале и Д. Д. (45) и Н. Д., татко и брат на С.Д. Истите се пожалиле на повреди кои ги здобиле од истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В.
Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Известен е Дежурен Јавен обвинител, кој дал насока настанот првично да се третира како – нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.