Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Од:

Вчера вечер во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, информира МВР

– Немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати, соопштува МВР.

Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он