Три лавини во близина на Бигорски манастир, сообраќајот во прекин

Од:

Во близина на бензинската пумпа кај Бигорскиот манастир вечерва се паднати три лавини, информираше градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, изјави Куртовски.

Поради лавините сообраќајот е во прекин.

Местото каде се паднати лавините е познато по вакви појави.

Попладнево поширокиот дебарски регион, општините Дебар Центар Жупа и Маврово и ростуше беа зафатени со обилни снежни врнежи.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози