Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Од:

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

– Судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.

Судскиот процес траеше четири и пол години, а оштетената Веапоска изрази задоволство од изречената казна, со забелешка дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.

Би можело да ве интересира

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он

Полицијата го чува Саркози во затвор

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он