Три ЕР трактори ќе го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце

Од:

Три ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот.

– Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал, една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре. Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон село. Бељаковце полетаа трите Ер трактори на ДЗС, изјави, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Претходно од територијалната противпожарна единица Куманово информираа дека на терен се екипи од противпожарните единици и од Куманово и од Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски