Трета женска трка

Од:

Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, денеска ќе се одржи третата женска трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015, а чија цел е превенцијата од заболувањата кај жените преку активно вежбање.

– Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука, велат организаторите.

Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигање на свеста на жените дека не е доцна да почнат со активност.

Трката е на 1.000 метри и има ревијален карактер.

Пред трката ќе се одржат аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти.

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан