Трета сесија на „Обука за обучувачи“ за истражување модели на образование и пренос на знаење

Од:

Трета сесија на „Обука за обучувачи“ се одржува во организација на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ во рамки на петгодишниот проект „Градина на Европа”, поддржан од Програмата култура 2007-2013 на Европската Унија.

Проектот, соопштија од „Локомотива“, е посветен на развој и професионализација на современиот танц, додека пак програмската активност „Обука за обучувачи“ е насочена кон истражување модели на образование и пренос на знаење во доменот на современите изведувачки уметности.

На сесијата, која ќе заврши на 20 мај, учествуваат признати професионалци (едукатори, кореографи, изведувачи, теоретичари и културни менаџери) од доменот на современите изведувачки уметности од Балканскиот регион и Европа. Исто така учестуваат и студенти на програмата за современ танц од катедрата за Балетска педагогија при Факултетот за музичка уметност.

Сесијата „Обука за обучувачи“, наведуваат од „Локомотива“ како модел за истражување и пренос на знаење дава простор на сите учесници (согласно нивните професионални позаднини и искуства) да ги истражуваат и взаемно споделат различни методи на образование.

Преку активна вклученост на сите учесници (како во улога на предавач, така и на учесник) сесијата нуди можност за запознавање на различните образовни пракси, а преку нив и развој на дискусија и истражување на методи на образование, начин на комуникија и поврзување со студентите, користење на простор, време, начин на подготовка на настава итн.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска