Трета масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет

Од:

Во Спортско рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска ја организира третата масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет.

Присутни ќе бидат 350 до 400 лица со телесен инвалидитет од 17 градови во државата.

– Средбата се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што сакаме да испратиме порака дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено како наше право и обврска на општеството кон нас, велат организаторите.

Целта е и да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет, како и нивната целосна интеграција во социјалниот, економскиот, културниот и политичкиот живот на заедницата.

Би можело да ве интересира

„Сите сме исти” – Јанкула од Мала Преспа го донира својот трициклот на лица со попреченост

Ана Ололовска

Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала

Ана Ололовска

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Дебата „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Конференција за трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност

Ана Ололовска

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Ана Ололовска