А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Трет случај на заболен од западнонилска треска во земјава

by А1он30/08/2024 - 18:30583
Share0

Институтот за јавно здравје регистрира трет случај на заразен со вирусот на западнонилска треска во земјава. Станува збор за 60-годишна жена од Тетово, која, како што велат од ИЈЗ, негирала дека била на патувања надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Таа забележала каснувања од комарци во периодот до 15 дена пред почетокот на симптомите. Од Институтот велат дека пријавата била доставена на ден 22 август.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соопштението од ИЈЗ се наведува дека првичните симптоми кај пациентката почнале на 13 август и таа имала малаксаност и општа слабост. Со овие симптоми пациентката се јавила на матичен лекар каде што и била дадена терапија. Два дена подоцна кај пациентката се појавила конфузност и дезориентираност и била препратена во Клиничката болница во Тетово каде што била забележана покачена температура и треска по што и била дадена соодветна терапија.

-Пациентката на 19 август, поради се уште истата состојба, со сомнение за менингитис, била испратена на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Таму биле земени примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители, а со испитувањата било потврдено заболувањето западнонилска треска, велат од ИЈЗ и додаваат дека пациентката е се уште хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

Податоците при епидемиолошкото истражување од епидемиолог од ИЈЗ биле добиени од пациентот, инфектолог и медицинската документација.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Пациентката негира патувања надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Забележала каснувања од комарци во периодот до 15 дена пред почетокот на симптомите. Нема други лица од семејството со слични симптоми, се вели во соопштението од ИЈЗ.

Оттаму додаваат и дека во регионот на Тетово е забележано присуство на комарци, а согласно информацијата од надлежниот епидемиолог во тек е тендерска постапка, односно досега не се спроведени активности за дезинсекција.

Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста.

-Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во Р. С. Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата, се вели во соопштението.

Имајќи го во предвид претходно наведеното, од ИЈЗ велат дека постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на земхава. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

klinikakomareczapadno nilska treska

Би можело да ве интересира

Вкупно 55 случаи на западнонилска треска досега во државата, двајца пациенти се во тешка состојба

Горан Наумовски01/09/2026 - 12:1701/09/2026 - 12:49

Клековски: Мртвиот гавран од Ресен беше заразен со западнонилска треска

Горан Наумовски27/08/2026 - 13:0527/08/2026 - 13:06

„Комарци пристигнале со авион и предизвикале маларија на аеродромот во Франкфурт: Еден работник почина“

Предраг Петровиќ26/08/2026 - 19:2126/08/2026 - 20:21

Клековски: 21 лице е на лекување од западнонилска треска, се чекаат резултати за уште тројца

Горан Наумовски26/08/2026 - 13:3926/08/2026 - 15:42

Клековски: Потврдени се 44 случаи на западнонилска треска

Горан Наумовски24/08/2026 - 14:50

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он23/08/2026 - 10:5823/08/2026 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео