Трет саем за волонтерство и активно граѓанство

Од:

На 6-ти декември (среда) во Младинскиот културен центар (МКД), по трет пат ќе се одржи Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје.

Работниот дел на саемот ќе започне во 11 часот со форумите за вмрежување на присутните здруженија/фондации, а во 13 часот ќе биде официјално отворен за посетители.

Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото „Активно граѓанство = подобро општество“.

На третиот НВО саем е предвидено свои презентации да имаат голем број здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје.

И оваа година учесниците за подобро вмрежување ќе имаат можност да ги презентираат своите активности пред јавноста и другите здруженија, да разменат искуства и да дадат сугестии за понатамошна соработка, а ќе бидат организирани и три тематски трибини.

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството.

Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања