Тренинг на Копнените сили на САД во Европа од 1 до 20 август на Криволак

Од:

Воениот пологон Криволак од 1 до 20 август годинава ќе биде домаќин на тренинг на 120 припадници на повеќе единици од Копнените сили на САД во Европа, во рамки на стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија.

Тренингот, како што беше посочено на денешниот брифинг во Министерството за одбрана, има за цел да го потврди капацитетот на Армијата на Република Македонија да биде домаќин на поголеми воени обуки и практична потврда на терен дека Криволак има капацитет да биде регионален воен полигон.

Претставниците на американската армија, на брифингот, посочија дека тренингот го зголемува не само капацитетот за соработка меѓу АРМ и Копнените сили на САД за Европа, туку нуди и можност за унапредување на капацитетите и развој на на Криволак според НАТО стандардите.

Големината и теренот, како и географската положба на Криволак се нешто, што според претставниците од американската армија, го прават воениот полигон “необработен скапоцен камен“, а се што му треба е модернизација и инфраструктура.

Воениот полигон Криволак, неодамна беше сертифициран од 7-та Команда за обука на копнените сили на САД и ова ќе биде прв пат да се користи полигонот од страна на авијациски единици на САД.

Првите американски војници во Македонија треба да почнат да пристигнуваат веќе од утре, а обуката ќе биде под раководство на Европската команда на силите на САД. Некои од поважните аспекти на тренингот опфаќаат користење оружје од мал калибар, против-тенковско оружје и друго пешадиско оружје, додека меѓу 1 и 5 август четири пилоти и 25 припадници на копнената и воздушна посада од авијацискиот полк ќе одржат тренинг за воздухопловни оружја со два хеликоптери „Блек Хок“.

АРМ, како што беше посочено на денешниот брифинг во Министерството за одбрана, ќе го набљудува тренингот и ќе обезбеди логистичка поддршка, сместување, ќе ги даде на користење полигоните за обука, и ќе обезбеди помош и придружба на патот до и од полигонот.

Целта е промоција на Криволак, како воен полигон што овозможува самостојно користење на вежбалиштата без учество на АРМ. Тоа во иднина може да значи голем економски бенефит за локалната економија преку договори за добра и услуги од сместување и користење на капацитетите за воени вежби во иднина.

Македонија, како што беше посочено на брифингот во Министерство за одбрана, следната година планира со Криволак да биде една од шестте земји домаќини на вежбата „Одлучен удар“ на која ќе бидат вклучени повеќе од 1.000 војници од Копнените сили на САД за Европа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија