Тренеска Дескоска: Ќе се ревидираат наставните планови, програми и учебниците

Од:

Ревизија на учебниците, наставниот план и програмите, како и консултативен процес за соодветноста на изборот на лектирите со цел подобрување на образовниот процес. Ќе се почне со основното, а потоа ќе се продолжи и со средното образование, најави денеска министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска.

dobivaj vesti na viber

– Главните промени ќе одат во основното образование и тоа во одделенската настава, бидејќи за поставување темели на писменост најважни се првите години. Сметаме дека треба да има нов наставен план соодветен на учениците од таа возраст, понатаму да се воведат методи кои ќе значат креативно изучување на прашањата и начин кој ќе ги заинтересира децата да ја следат наставата и да учествуваат во неа, а потоа и соодветни материјали кои ќе бидат користени, појасни на денешната прес-конференција министерката.

Информира дека за таа цел веќе се прават консултации со наставниците. Тие преку апликација која веќе е подготвена до 15 септември треба да дадат мислење за одредени учебници и да укажат на проблемите.

– До директорите е испратен и пасворд преку кој може да се пристапи до апликацијата. Наставниците ќе можат лично да ги внесат бараните податоци. Тие анонимно без притисок од директорите ќе можат да одговорат на прашања кои нас како Министерство не интересираат, рече Тренеска Дескоска.

Потсети дека досега се повлечени два учебници, но како што рече, одлучиле да не се оди натаму во процес на индивидуално повлекување, туку на целосна ревизија, на наставниот план програмите и на учебниците.

Во функција на таа реформа, рече, првиот импут го очекуваме од наставниците кои секојдневно работат со учебниците, да дадат коментари забелешки и оценка дали сметаат дека учебникот е добар, дали соодветствува со возраста, дали има грешки и дали текстовите се соодветни. Податоците, потенцира таа, ќе бидат сублимирани и процесот ќе продолжи понатаму .

Нови учебници, рече, може да се очекуваат најрано идната година, затоа што, како што истакна, учебник не се пишува за еден месец.

Разгледувањето и промената на анставниот план и програма, треба да значат и намалување на бројот на часови, особено во одделененската настава.

– Учениците се преоптоварени со поголем број часови на тој начин нема ефикасност во учењето. Сметаме дека треба да има скратување на бројот на часови, и реорганизирање на начинот на организирање на часовите, рече министерката за образование и наука. Додаде дека во моментов во МОН се прават компаративни анализи од искуства на земји кои имаат добри резултати на тестирањата по писменост и математика.

За сите евентуални промени, рече ќе биде консултирана јавноста, експертите, но и наставниот кадар, кој, како што истакна, може да даде најдобар импут за реформите во образованието.

Најави дека во втората фаза ќе почне и консуслтативен процес за соодветноста на лектирите за основно и средно образование.

Би можело да ве интересира

Независниот академски синдикат го поддржува штрајкот на СОНК

Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Шкријељ: Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот

СДСМ: Платите на наставниците се зголемени за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да намали со трошењата и да прекине со криминалните шеми за да има пари за повисоки плати на вработените во образованието

СДСМ: Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение