Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ

Од:

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ. Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена.

-Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде. Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка! Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани, посочи Тренчевска.

Таа додаде дека се донесени највисоките плати и пензии, се грижеле за најмладите и за лицата со попреченост.

-Затоа денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи! Продолжувам цврсто напред, појасни Тренчевска.

Потенцираше дека нема да дозволи уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Како што појасни, се води од вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делува од позиција на пратеник.

-Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро, појасни Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде

Предраг Петровиќ

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Тренчевска: Се уште чекаме информации од ЈО во Струмица за случајот со детето донесено на Детска клиника