Претседателката на форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска се обрати пред граѓаните на трибината „Повеќе за сите“ во Куманово истакнувајќи дека секоја личност води своја битка за која можеби и не ја знаеме истакнувајќи дека тоа е човечка основна причината да се поддржуваме, да споделуваме и сите заедно да работиме кон подобри услови за живот, еднакви можности и да го одбереме патот кој води до повеќе за сите.
– 662 милиони евра од буџетот, преку овие пак мерки ги враќаме назад кај граѓаните. Со овој нов пакет на мерки директно ќе поддржиме над 400 илјади граѓани. Тоа се нарекува грижа за граѓаните, тоа е Повеќе за сите, рече Тренчевска.
Тренчевска посочи дека фокусот секогаш ќе бидат пензионерите меѓутоа посочи дека најранливите граѓани никогаш нема да бидат заборавени.
– Нашата грижа не е само за пензионерите. Не ги забораваме ниту корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош, родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток. И за нив издвоивме околу 3 милиони евра. Сите корисници на овие права ќе добијат вкупно 10 илјади денари или по 2.000 денари во наредните 5 месеци, рече Тренчевска.
Таа истакна дека како носителка и на државничка функција грижите на сите граѓани се и нејзини грижи, затоа ќе продолжи заедно со сите другари и другарки од СДСМ да работи да има Повеќе за сите граѓани.
Тренчевска зборуваше и за покачувањето на платите во градинките.
– Ако вработена негувателка во градинка во 2016 година добивала плата 17.000 денари денес нејзината платата изнесува 34.000 денари. Тоа е повеќе за сите, потенцираше Јована Тренчевска на трибината во Куманово.