Претседателката на Форум на Жени на СДСМ, Јованка Тренчевска денес пред граѓаните на Гази Баба ги објаснуваше мерките од деветтиот пакет на антикризни мерки. Финансиската поддршка е наменета за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, како и продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза.
-Вие сте сведоци дека постојано сме на терен, до вас! Вашето мислење, потребите на граѓаните, за нас се на прво место. Вашата доверба верувам дека ни овој пат не ја изневеривме. Веќе подолго време сите нас нѐ мачи истата мака, постојаните предизвици што ги носи енергетската криза и нестабилноста на цените, меѓутоа со слога, заедничко работење и чисто поставени цели ова се предизвици што заедно рамо до рамо лесно ќе ги поминеме. Воведуваме насочена финансиска помош за примателите на пензија, осигурувајќи се дека најранливите меѓу нас ја добиваат поддршката што им е потребна за да се движат во овие тешки времиња, истакна Тренчевска.
Таа објасни дека деветтиот пакет на мерки има за цел поддршка на млади лица, ученици и студенти, најранливи граѓани, пензионери, граѓани корисници на социјална помош, граѓани со посебни потреби, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција.
-Во никој од мерките кои ги носиме не ги забораваме ни лицата кои живеат на прагот на. Корисниците на надоместок ради попреченост, самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош, родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток за нив одделивме 2.722.114 евра, и овие лица ќе добиваат по 2.000 денари во наредните 5 месеци или вкупно по 10.000 денари, рече Тренчевска.
Тренчевска на крај од своето обраќање испрати силна и искрена порака до присутните.
-Ние веруваме дека ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ не е само реченица, ние работиме кон исполнување на таа цел. Во сите мерки кои ги спроведуваме владее духот на социјалдемократијата. Секој ден наоѓаме причина за храбро да продолжиме со нашата работа. Овој пат причината е ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ, тоа нѐ водеше кога решивме да бидеме дел од партијата тоа, ќе нѐ води и од денес па понатаму, рече Тренчевска на трибината „Повеќе за сите!“ вечерва во скопска Гази Баба.