Треба да има интервенција во пресметката на минималната потрошувачка кошничка, смета Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има интервенција во пресметката на минималната потрошувачка кошничка и во нејзината подготовка да бидат вклучени сите засегнати страни, врз основа на, како што изјави денеска, објективни параметри, со земање во предвид на поскромни цени, а не со тие во поекслузивните супер маркети.

На новинарско прашање за исходот од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет за измени на методологијата за пресметка на минималната кошничка, Мицкоски повтори дека некои производи до сегашната минималната кошница му се чудни, истакувајќи дека не е логично да има цигари и оти тој во јануари не пробал цреши, праски, дињи, лубенци.

– Во текот на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет беа присутни претставници од повеќе синдикати и од работодавачите, Владата е фалсификатор во тој процес и гледате дека ние не се криеме, сакаме да бидеме транспарентни и да одговараме на сите прашања вклучително и на ова прашање. Јас ја добив таа методологија и ја читав и забележав таму работи кои навистина мене ми делуа многу чудни. Еве јас во јануари дел од овие производи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, црешни, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме ние тие што ќе го надсинхронизираат она што е работено од синдикатот, а оценувано од страна на двајца поранешни министри на СДСМ, Никола Поповски и Драган Тевдовски, рековме ајде да вклучиме од сите страни и сите заедно да ја формираме минималната потрошувачка кошница, цените да не бидат на еден од поексклузивните марки на супер маркети, бидејќи е минимална кошница од тие што се со поскромни цени, да избереме средина, и така да ја пресметуваме минималната потрошувачка кошничка. Можеби ќе биде и поголема од оваа што е сега, можеби и помала, не можеме да претпоставиме треба да се организираме да создадеме методологија и врз основа на неа да креираме политика, рече Мицкоски.

Во јануари, дополни тој, простете не пушам цигари, не изедов ниту една цреша, не знам као изгледаат праски и кајсии, ниту пак диња и лубеница, ниту пак грозје, така што ценам дека тука треба да има интервнција и нешто пообјективно за да можеме врз основа на тие објективни параметри да водиме политика. Вака сега не можеме, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации